info@mentoring-macedonia.org
(+389) 02-6091-408

Ongoing Event ....Proud to be a part of this great happening “Female Entrepreneurs and Canadian Experts: Mentorship, Development and Sustainability”

Ongoing Event ….Proud to be a part of this great happening “Female Entrepreneurs and Canadian Experts: Mentorship, Development and Sustainability”

  • Posted by: mentoring

Сакате да дознаете повеќе за искуствата и најдобрите практики поврзани со женското претприемништво во Македонија и Канада, како и за најголемите предизвици со кои се соочуваат македонските жени-претприемачи?

Меѓународната невладина организација Македонија2025 организира панел-дискусија на тема „Жени-претприемачи и канадски експерти: Менторство, развој и одржливост“, каде претставници од неколку женски здруженија во Македонија ќе разменат искуства и впечатоци од соработката со назначените ментори од Канадската организација за извршни услуги – CESO | SACO, во рамки на проектот финансиран од Канадскиот фонд за локални иницијативи, поддржан од Амбасадата на Канада во Србија, Македонија и Црна Гора – Embassy of Canada to Serbia, Macedonia and Montenegro.

Меѓу клучните говорници на панел-дискусијата, со гордост ги најавуваме: Н.Е. Кати Чаба – Амбасадор на Канада во Србија, Македонија и Црна Гора; Џенифер Лавуа – Советник на CESO SACO од Канада, како и претставнички на неколку реномирани женски организации од Македонија.

Долгорочната цел на проектот е зајакнување на женското претприемништво и родовата еднаквост во Македонија, преку зголемена самоодржливост и финансиска стабилност на засегнатите женски здруженија.

Настанот е од отворен карактер и сите заинтересирани за темата може да присуствуваат.

Ве очекуваме!
_________________________________________________

Would you like to know more about the conditions and best practices connected to female entrepreneurship in Canada and Macedonia, as well as the main challenges that Macedonian female entrepreneurs face?

The international non-profit organization Macedonia2025 is organizing a panel discussion titled “Female Entrepreneurs and Canadian Experts: Mentorship, Development and Sustainability”, where representatives from several female associations will share their experience and impressions from the cooperation with the assigned mentors from the Canadian Executive Service Organization – CESO | SACO, within the project financed by the Canadian Fund for Local Initiatives (CFLI), supported by the Embassy of Canada to Serbia, Macedonia and Montenegro.

Among the keynote speakers of the panel discussion, we proudly announce: H.E. Kati Csaba – Canada’s Ambassador to Serbia, Macedonia and Montenegro; Jennifer Lavoie – CESO SACO Volunteer Advisor from Canada and several representatives of reputable female organizations in Macedonia.

The long-term goal of the project is strengthening female entrepreneurship and achieving greater gender equality in Macedonia, through increased self-sustainability and financial stability of the female associations.

Please note that this is an open event and everybody interested in the topic can attend.

We are looking forward to your presence!

Author: mentoring
This website uses cookies and asks your personal data to enhance your browsing experience.